ПРОФИЛ

 

Лична карта на ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”-Скопје

Центарот е сместен во зграда, во рамките на Културниот центар на град Скопје. Тој се наоѓа од левата страна на реката Вардар, во непосредна близина на Македонската Опера и Балет, Македонскиот народен театар, Камениот мост, Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Археолошкиот музеј на Македонија.

Дејноста во основното музичко и балетско образование се одвива во две насоки: масовно ширење на музичката и балетската култура и професионално насочување на учениците од основниот оддел кон средното насочено образование. 
Во основното музичко и балетско образование се опфатени ученици од градските и приградските населби на Скопје. 
Во средното образование се образуваат кадри од образовните профили: музичар-изведувач, музичар теоретичар, балетски играч и традициски играч и пеач. Во средно образование се опфатени ученици од различни градови на Република Македонија. 
Образовниот профил музичар изведувач ги опфаќа следниве професии: пијанист, виолинист, виолист, виолончелист, контрабасист, гитарист, харфист, флејтист, обоист, кларинетист, саксофонист, хорнист, тромбонист, фаготист, трубач, соло пејач, хармоникаш, изведувач на ударни инструменти.

Адресата на училиштето е Црвена скопска општина бр. 4 
Телефон: 02/3115-527
Емаил: dmbuc.mkd@gmail.com